КУЌА ВО ВЕЛЕС СЕ ЗАПАЛИ ОД ГРОМ Пожарот се гаснел со црева од соседите

Пожарот се гаснел со ПП апарати и со црева од соседните куќи, поради непристапноста на теренот и тесните сокаци.

187

Во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Велес синоќа во 20:35 часот имало дојава за пожар во куќа од удар на гром на улица Крали Марко бр. 17 во стариот дел од градот попознат како „Карпа Маале“, во близина на центарот на градот.

Противпожарната единица веднаш интервенирала, а пожарот бил изгаснат во 21:55 часот.






– Противпожарната единица од Велес излезе на местото на настанот со 3 возила и 7 пожарникари. Пожарот е затекнат во развиена фаза во една од собите на куќата – објави Единицата од Велес.

Пожарот се гаснел со ПП апарати и со црева од соседните куќи, поради непристапноста на теренот и тесните сокаци.

– Благодарение на брзото пристигнување и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо е ставен под контрола и целосно ликвидиран – соопшти Противпожарната од Велес.

Поврзани содржини