КСС: Државата да ги ослободи од плаќање сметки за вода и струја работниците кои останаа без работа

Конфедерацијата на синдикати бара и шестмесечно продолжување на мораториумот за плаќање кредити за сите работници.

332

Конфедерацијата на слобводни синдикати (КСС) бара мораториумот за кредитите да важи за сите работници, а за  работниците кои ја изгубиле работата во периодот на коронакризата бара да бидат осллободени од плаќање сметки за вода, струја, парно….

– Повеќе од јасно е дека сите работници во нашата држава се под силен економски и здравствен удар, работниците се повеќе го губат своето работно место, цели фирми се затвараат, а работниците кои се останати без работа веќе се на работ на егзистенција. Сето ова е голем знак дека се потребни итни чекори за стабилизирање и стопирање на економската и здравствената криза во која се наоѓаме.
Затоа КСС бара ослободување од плаќање на режиските трошоци за струја и вода за невработените кои ја изгубиле својата работа по било каков основ, технолошки вишок, отказ на работно место, не продолжување на договор на определено време, не продолжување на договор преку агенција за вработување, принудно затворен бизнис поради уредбите од страна на владата или пак работници од сивата економија- велат од КСС.






Ова барање според нив е остварливо, бидејќи  државата е сопственик на ресурсите за струја и вода и може да ги ослободи овие луќе од плаќање сметки.

КСС бара да се овозможи шестмесечен мораториум на кредитите за сите работници, бидејќи велат работниците сѐ уште не се во можност да започнат со исплаќање на ратите од своите кредити поради лошата економска состојба во која се наоѓаат.

– Сакаме да потенцираме дека покрај намалените приходи на работниците, некои го изгубија работното место, на некои веќе им се заканува отказ од работното место, некои се со деца кои се дел од воспитно-образовниот процес, истите треба да изнајдат соодветни технички решенија (компјутери, лаптопи, стабилни интернет врски и др.) за да обезбедат непречено следење на образовната настава која од 1ви октомври официјално ќе започне со почетокот на учебната година, a наставата ќе се следи преку интернет. Време е државата да покаже солидарност на дело – велат од КСС.

Поврзани содржини