КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВИДЕОЛОТАРИЈА НА КАСИНОС АВСТРИЈА Крв дари и шампионот Игор Стефановски – Иџе.
Видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите.
Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија – Скопје во своите просториите реализираше крводарителска акција. Во оваа акција даруваа крв вработените и бренд амбасадорот, автомобилскиот шампион Игор Стефановски – Иџе.
– Акцијата е убава хумана традиција, која ја практикуваме двапати во годината како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин Видеолотарија ја негува и поттикнува солидарноста и одговорноста на нашите вработени, во насока на давање корпоративен придонес во градењето и негувањето на подобро општество за сите – се наведува во соопштението од Државна видеолотарија на Македонија.