КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ ЗА ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА 19 години по ред граѓаните ја покажуваат својата хуманост

Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост, апелираат организаторите.

40

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, традиционално, по јубилеен 20-ти пат, денеска, во Домот на АРМ, во Скопје, ја организираат крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати.






„Оваа акција веќе 19 години ја покажува големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска, по 19 реализирани акции, се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција. Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост“, апелираат организаторите.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Поврзани содржини