Крвните згрутчувања можат да бидат опасни, еве како да ги препознаете

Полнењето на белите дробови со воздух ви претставува проблем, односно тешко земате длабок здив? Тоа може да биде пулмонална емболија, односно згрутчување на крвта во белите дробови.

870

Згрутчување на крвта се случува кога мала количина на крв ја менува својата течна во поцврста состојба за да го заштити телото во случај на крварење. Најчесто, од оваа појава не треба да се плашиме, бидејќи ова обично не прави никакво зло врз здравјето, но кога крвните згрутчувања се појавуваат во длабоките вени, тие можат да бидат крајно опасни.

Ова се најистакнатите симптоми кои можат да ве предупредат дека нешто можеби не е во ред со вашето тело и дека можеби е време да се посоветувате со лекар.






Краток здив

– Полнењето на белите дробови со воздух ви претставува проблем, односно тешко земате длабок здив? Тоа може да биде пулмонална емболија, односно згрутчување на крвта во белите дробови.

Тахикардија или забрзана работа на срцето

– Згрутчената крв во белите дробови може да се почувствува како одреден притисок на градите, а тахикардијата може да биде предизвикана од ниското ниво на кислород во белите дробови.

Напад на сува кашлица

– Неочекуваните напади на суво кашлање, како и недостаток на воздух, може да биде пулмонална емболија.

Болка во градите

– Доколку при длабоко вдишување воздух почувствувате болка во градите, тоа може да претставува белодробна емболија. Не смеете да чекате, посетете го вашиот лекар.

Црвени дамки на кожата

– Појавата на овие дамки, без одредена причина, може да биде симптом за згрутчување на вашата крв. Можно е да чувствувате пецкање или топлина, но и болка.

Болка во раце и нозе

– Болката која се јавува поради згрутчена крв може да наликува на мускулен грч, најчесто кога одите или ги протегате нозете.

Поврзани содржини