КРВНИЧКИ УБИЕН ИЗРАЕЛСКИ МЛАД БРАЧЕН ПАР Во куќата најдени сокриени нивните 10-месечни близнаци

Нивните близнаци ги поминале сами следните 14 часа пред да бидат пронајдени во засолниште во куќата. Безбедносните сили ги спасиле близнаците и ги испратиле кај нивната баба.

1,748

Младата израелска двојка Итаи и Хадар Бердичевски,  успеале да ги сокријат своите 10-месечни близнаци кога милитантите на Хамас упаднале во нивниот дом во кибуц веднаш пред Газа. Итаи и Хадар им се спротивставиле на напаѓачите, но биле убиени. Двајцата биле на возраст од 30 години, јавуваат израелските медиуми.

Нивните близнаци ги поминале сами следните 14 часа пред да бидат пронајдени во засолниште во куќата. Безбедносните сили ги спасиле близнаците и ги испратиле кај нивната баба.






Хамас изврши ненадеен напад врз Израел во саботата наутро, што предизвика неколкудневни судири меѓу милитантите и израелската армија.

Бројот на загинати Израелци се искачи на над 900, а на ранетите над 2.400. Борците на Хамас не ги избираа своите цели при упадот на израелска територија и притоа беа убиени голем број цивили. Некои од цивилите беа киднапирани и однесени во Газа. Постојните информации велат дека моментално во Газа има од 100 до 150 киднапирани Израелци.

Поврзани содржини