📽 КРВАВИ СНИМКИ ОД ХАРКОВ Русите брутално ракетираат, а во Авдиивка „колат и мелат“
Некои медиуми пишуваат дека ова е руска одмазда за нападот на источниот град Доњецк при што загинаа 27 лица. Москва пред два дена го обвини Киев за нападот.
Снимка од жена со раскрварена глава која шета по улиците на Харков се рашири по социјалните мрежи. Харков беше ракетиран од Русите во брутален напад заедно со повеќе украински градови. Олех Синехубов, украинскиот гувернер на регионот Харков, рече дека во нападот руските сили користеле хиперсонични раки Кх-22 кои имаат огромна боева глава со стотина килограми експлозив.
Некои медиуми пишуваат дека ова е руска одмазда за нападот на источниот град Доњецк при што загинаа 27 лица. Москва пред два дена го обвини Киев за нападот.
The aftermath of the Russian missile attack on Kharkiv.
Rescuers and locals sort through the debris together, looking for survivors. People are trying to call their loved ones to find out whether they are ok.
📹: Nakypilo pic.twitter.com/nXuf9PPbdI
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 23, 2024
Делови од градот Харков останале без вода, струја и греење, изјави тамошниот градоначалник. Цел на нападите биле населбите Киевски и Салтивски. Украинката Марија Друцка објави видео за кое вели дека покажува „двојка во Харков како гледа во својот уништен дом кој штотуку бил „ослободен од руските напаѓачи“.
People in Kharkiv look at their home burning down.
Will Russia say there was a NATO base in that building? pic.twitter.com/7E6NPTFlIh
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 23, 2024
Взори ракетиран беше и главниот град на Украина. Во Киев најмалку 40 лица се повредени, а петмина убиени.
Беше погоден и регионот околу Харков. Во Балаклија повредени беа 88-годишен маж и 78-годишна жена. Во Купјанск загинало едно лице. Военото воздухопловство на Украина соопшти дека војската уништила 21 од 41 ракета од различен тип лансирани од Русија. Маж загинал во Плаховград, оштетена е инфраструктура во градот Шостка.
На фронтот малиот град Авдиивка стана центар на битките. „Русите колат“ и „Русите го мелат отпорот на бранителите“ се насловите кои осамнаа по медиумите во врска со јаката руска офанзива во тој регион. Авдиивка од три страни е опколена со руските војници и топови.
НАТО денеска соопшти дека не гледа непосредна воена закана од Русија за ниту една членка на Алијансата, но дека продолжува да ја обезбедува територијата од заканата во најголемата вежба во последните децении, која ќе вклучува 90.000 војници.
Во меѓувреме, додека се чека Турција да го ратификува членството на Шведска во НАТО, Унгарија го блокираше. Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повика својот шведски колега на преговори во врска со членството.
Утринава светот се разбуди со веста дека Полска ги подигнала борбените авиони поради активностите на руската авијација. Веста ја обзнани полската Оперативна команда на вооружените сили.