📷 КРВАВА „ВЕНДЕТА“ ВО СЕЛО НА КРИТ, СЕ ПРЕСМЕТАА ДВЕ ФАМИЛИИ Најмалку двајца загинаа во престрелката во Ираклио

Грчкиот портал Прототема ја опиша ситуацијата како „село-фантом“. Силно вооружени полицајци патролирале низ тесните улички, додека локалното население останало затворено во домовите. Слична престрелка во селото била забележана во 1955 година.

1,174

Во селото Вориза, во областа Ираклио на островот Крит, избувнала вооружена пресметка меѓу две семејства, во која најмалку двајца загинаа, додека повеќе од 10 лица беа повредени. Сцените биле шокантни: куќи со траги од куршуми, уништени автомобили и улици преполни со полиција и медицински екипи. Полицијата го блокирала целото село, а на местото пристигнал и началникот на грчката полиција, јави Прототема.

Грчкиот портал ја опиша ситуацијата како „село-фантом“. Силно вооружени полицајци патролирале низ тесните улички, додека локалното население останало затворено во домовите.

 






 

Според извори на грчката полиција, конфликтот започнал по поставување експлозивен уред пред куќа во изградба, што предизвикало одмаздничка реакција меѓу двете семејства. Потоа следела престрелка со автоматско оружје. Некои повредени биле носени со трактори и приватни возила во болницата во Ираклио.

Грчките медиуми потсетуваат дека критските вендети се дел од локалната традиција на семејна чест и одмазда. Сличен инцидент во истото село бил забележан и во 1955 година, кога 3 лица биле убиени, а 14 повредени.

Грчката полиција денес ја држи областа под строга контрола и спроведува масовна истрага за да ги идентификува учесниците во крвавиот судир.

Вориза е планинско село со 504 жители, познато по својата историја и долгите семејни традиции.

Поврзани содржини