📽️ КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО ТЕТОВО Едно лице е убиено со огнено оружје
Конфликт кој трае со години резултираше со трагедија, полицијата засега молчи за деталите.
Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денска во Тетово, информира ТВ21.
Неофицијално, убиството е извршено со автоматска пушка. Засега не се открива идентитетот на убиениот, ниту мотивите за нападот.
Сè уште нема официјални детали за инцидентот, а од СВР Тетово не излегоа со соопштение што ја потврдува причината и околностите кои довеле до нападот.
Полицијата ја продолжува истрагата, а се очекува јавноста наскоро повеќе да биде информирана за овој настан.
View this post on Instagram