КРВАВА ПРЕСМЕТКА НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПРЕД ХОТЕЛ „КАРПОШ“ Еден тинејџер е прободен со нож

До инцидентот дошло по вербална расправија помеѓу групи ученици, по што конфликтот ескалирал во физичка пресметка.

1,971

Еден тинејџер е прободен и е пренесен во болница по пресметка на две групи малолетници вчера претпладне во близина на хотел „Карпош“.

Учениците прво се скарале, а потоа и се степале, при што еден е прободен со остар предмет. Повредениот е пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде што му е  укажана лекарска помош.






„Од ГОБ ‘8 Септември’ е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник – ученик во СДУ ‘Ѓорги Димитров’, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, соопштија од МВР.

Поврзани содржини