КРВАВА ПРЕСМЕТКА КАЈ БИТ ПАЗАР Три лица се пресметувале со ножеви, па завршиле во болница

Во инцидентот учествувале 14-годишник од Скопје и лицата С.Р. (64) и Б.С. (18), исто така од Скопје.

436

Вечерва нешто пред 20 часот, во Чаир избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање, при што три лица завршиле во болница. Биле употребени и ножеви.

За инцидентот се огласија и од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вечерва во 19:48 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците Цветан Димов и Џон Кенеди избувнала физичка пресметка по претходно недоразбирање. Во инцидентот учествувале 14-годишник од Скопје и лицата С.Р. (64) и Б.С. (18), исто така од Скопје. Според информациите, за време на пресметката биле употребени ножеви, при што сите вклучени добиле телесни повреди“, информираше МВР.

Повредените биле пренесени на укажување медицинска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Поврзани содржини