КРВАВА ДРАМА ВО КОСОВО Со калашиников стрелал во автобус со ученици, убил тројца!

Некои медиуми тврдат дека причина за трагедијата кај Глоѓане, општина Дечани, Косово, е банална одмазда.

3,685

Три лица загинаа, а едно лице е повредено со пукање во автобус со ученици вечерва околу 19 часот, потврди косовската полиција.

Во автобусот, кој се движел од Ѓаковица кон Глоѓане во општина Дечани и кој превезувал ученици, пукале од калашникови и во таа прилика загинале возачот на автобусот и двајца ученици.






Според тврдењето на полицијата, едно лице починало на лице место, додека две лица им подлегнале на повредите во болница. . И началникот на Итната помош во Пеќ, Бесник Ибрај, го потврди убиството на три лица.

Потврдено е и дека еден ученик е повреден. Според последните информации, неговата состојба е стабилна и надвор од животна опасност.

Според локалните медиуми, жртви се возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година.

Некои медиуми тврдат дека причина за трагедијата е одмазда. Наводно, еден од патниците бил исфрлен од возачот и од кондуктерот, бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа тој зел калашников, го чекал автобусот и испукал рафал.

Убиецот е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Погледнете видео:

Поврзани содржини