КРВАВА ДРАМА ВО КАЗИНО ВО ОХРИД Осомничениот за обид за убиство фатен по 9 дена бегство

Инцидентот се случил на 17 декември 2024 година во 3:25 часот, во казино на булеварот Туристичка во Охрид. Според информациите од полицијата, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид, нанесувајќи му убодни рани.

860

Лицето Л.У. (33) од Охрид е приведено и му е определен притвор од 30 дена поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, соопшти СВР Охрид.

Инцидентот се случил на 17 декември 2024 година во 3:25 часот, во казино на булеварот Туристичка во Охрид. Според информациите од полицијата, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет го нападнал Ж.Р. од Охрид, нанесувајќи му убодни рани.






По распишан локален распис, полицијата презела мерки за пронаоѓање на осомничениот. На 26 декември, во Струга, службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи го лишиле Л.У. од слобода.

Судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, додека истрагата за случајот продолжува.

Поврзани содржини