КРВАВ НАПАД ВО КАТОЛИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО МИНЕAПОЛИС Човек облечен во црно уби 3 лица, 20 се повредени
Полицијата од соседното предградие Ричфилд извести дека на местото бил забележан маж целосно облечен во црно, вооружен со пушка. Нападот го извршил за време на утринската литургија на која присуствувале децата. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е информиран за нападот и дека на самото место се испратени агенти на ФБИ.
Три лица се убиени, а 20 повредени во денешниот вооружен напад во католичко училиште во јужниот дел на американскиот град Минеаполис, соопшти американското Министерство за правда. Меѓу загинатите е и напаѓачот, прецизираа властите.
Инцидентот се случи само два дена по почетокот на учебната година во Благовештенското католичко училиште – приватно основно училиште со околу 395 ученици, поврзано со Благовештенската католичка црква. Двете институции се наоѓаат во густо населен дел на најголемиот град во Минесота.
Hubo un tiroteo en una escuela católica en Mineápolis donde murieron dos niños de 8 y 10 años
Hay 17 heridos, cinco de ellos niños que fueron ingresados con herida de bala.
Así el disparos unidos de Donald Trump.
Y estos nos quieren “salvar” del narcopic.twitter.com/l95SnMBa29
— Jafet Huipet (@JHRomero_) August 27, 2025
Полицијата од соседното предградие Ричфилд извести дека на местото бил забележан маж целосно облечен во црно, вооружен со пушка. Нападот го извршил за време на утринската литургија на која присуствувале децата.
Локалните телевизии емитуваа снимки на вознемирени родители кои се пробиваат низ полициската лента околу училиштето за да ги изведат своите деца.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е информиран за нападот и дека на самото место се испратени агенти на ФБИ.
Министерството за внатрешна безбедност е во постојан контакт со локалните власти и ја следи состојбата, соопшти министерката Кристи Ноем.
Официјалните лица информираа дека во Минеаполис и претходниот ден биле регистрирани уште три вооружени инциденти во кои загинале три, а седум лица биле повредени.