📽 КРВАВ ПИР НА 200 КИЛОМЕТРИ ОД СТОКХОЛМ Петмина се застрелани во училиште

Весникот „Експрес“ пишува дека едно лице заробено во училиштето изјавило дека „надвор слушнале неколку истрели“. Според информациите кои ги пренесува „Афтонбладет“, било пукано и кон полицијата.

600

Шведската полиција денеска соопшти дека пет лица биле застрелани во едукативен центар за возрасни во шведскиот град Еребро, на околу 200 километри западно од Стокхолм, јавија светските агенции.

Властите соопштија дека опасноста не поминала и ја повикаа јавноста да не се приближува до објектот.






– Извештаите за насилство во Еребро се многу сериозни. Полицијата е на местото каде што се случило пукањето и операцијата е тек. Владата е во близок контакт со полицијата и внимателно ја следи ситуацијата – изјави шведскиот министер за правда Гунар Штромер за шведска новинска агенција.

Весникот „Експрес“ пишува дека едно лице заробено во училиштето изјавило дека „надвор слушнале неколку истрели“. Според информациите кои ги пренесува „Афтонбладет“, било пукано и кон полицијата.

Едно лице кое познава професор во тоа училиште изјави дека добила порака од него, објави порталот.

– Тој ми напиша дека во училиштето дошло до пукање од автоматско оружје и дека се засолниле во училницата. Потоа ми напиша дека ме сака – рече лицето.

Училиштето Рисбергска, кое има 2.000 ученици, претходно било средно училиште, но сега се користи и за образование за возрасни и за учење шведски јазик на имигрантите преку владина програма позната како SFI, пишува британски Телеграф.

 

 

Поврзани содржини