📽️ КРВАВ ХАОС ВО САЛА ЗА ХОКЕЈ Двајца мртви, тројца се борат за живот

Напаѓачот испукал најмалку десет куршуми пред да си го одземе животот.

580

Најмалку две лица загинаа, а тројца се борат за живот по синоќешното пукање за време на младински хокеарски натпревар во Потакет, сојузната држава Род Ајленд.

Еден од загинатите е напаѓачот, кој по инцидентот извршил самоубиство, соопшти полицијата. Според првичните информации, тој испукал најмалку десет куршуми кон публиката, пред еден од присутните да се обиде да го разоружа.






Полицијата го идентификуваше осомничениот како Роберт К. Дорган, кој, според изјавата на началникот на полицијата, користел и друго име – Роберт Еспозито. Мотивот за нападот засега не е соопштен.

Тројцата повредени се хоспитализирани и се наоѓаат во критична здравствена состојба.

 

Овој трагичен настан се случува само два месеци по вооружениот инцидент на Универзитетот Браун, кој силно ја вознемири јавноста во Род Ајленд.

 

Според податоците, во првите 47 дена од годината во САД се регистрирани 41 вооружен инцидент.

Поврзани содржини