КРВАВ ЧИН ПОРАДИ НЕРАСЧИСТЕНИ ИМОТНИ ОДНОСИ Спасовски го откри мотивот за двојното убиство во Челопек
Станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство. Тоа се првичните сознанија кои ни ги пратија колегите од терен - изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Двојното убиство во тетовски Челопек, според првичмните сознанија, се случило поради нерасчистени имотни односи во семејството, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој изјави дека се работи на расчистување на настанот, а наскоро ќе имаат подетални информации.
-Колегите работат на расчистувањето на овој настан, станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство. Тоа се првичните сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме дека наскоро ќе се заокружи целиот процес и ќе имаме детални информации – изјави вечерва Спасовски, за време на работна посета на ЕВР Гази Баба, во одговор на новинарско прашање.
Попладнево две лица беа убиени, а едно е повредено во тетовски Челопек. Од СВР Тетово информираа дека е приведено осомниченото лице. Убиените и повредениот се роднини со осомничениот за убиството и ранувањето.