КРВ И ТКИВО ОД ИСЧЕЗНАТАТА АНА ВОЛШ ВО КОНТЕЈНЕР ВО БЛИЗИНА НА ДОМОТ НА НЕЈЗИНАТА СВЕКРВА?! Нови шокантни детали од истрагата во Масачусетс

5,897

На 11-от ден од потрагата по исчезнатата Ана Волш во Масачусетс, Србинка по потекло од Белград, полицијата во Бостон ги пронашла првите шокантни докази дека е извршено кривично дело, јавуваат медиумите.

Секири, ножеви, крвави остатоци…






Иследниците пронашле кеси со ѓубре со крвави остатоци, секири, ножеви, теписи и користени средства за чистење. Повеќе извори тврдат дека на тепихот и на пилата биле пронајдени биолошки докази.

Репортерот на Бостон 25 Њуз, Тед Даниел, кој од почеток го следи целиот случај, на својот Твитер профил објави дека неколку извори, кои сакале да останат анонимни, потврдиле дека се работи за крв и за човечко ткиво.

Предметите се фотографирани и ќе бидат испратени на анализа. Тепихот со траги од крв е испратен на вештачење.

Полицијата го поминала денот во претрес на канти, контејнери, камиони за ѓубре и депонии, во областите каде што сопругот на Ана Волш, Брајан Волш, отишол откако била видена последен пат.

Членовите на семејството последен пат ја виделе Ана на 1 јануари околу 4 часот, кога требало да замине на аеродромот Логан во Бостон, од каде планирала да фати лет за Вашингтон, каде што работи во агенција за недвижности. Таа, сепак, не стигнала ни до аеродромот, а началникот на локалната полиција рекол дека немаат ни потврда дека влегла во возилото кое требало да оди до Логан.

Опасниот Брајан Волш

До пресврт дојде кога беше уапсен нејзиниот сопруг Брајан Волш, под сомнение дека ги лажел инспекторите, а кауцијата е одредена на 500.000 долари.

Медиумите вчера и денеска објавуваа вознемирувачки приказни за Брајан, но и за Ана, детали кои укажуваат дека најверојатно станува збор за семејна драма со крвав крај.

Брајан Волш бил опасен човек. Според едно сведочење, тој ги нападнал полицајците кои се обиделе да разговараат со него во 2019 година, за време на истрагата за шверц на антиквитети од Кина.

Според американските медиуми, откако бил исклучен од тестаментот на неговиот татко, познатиот невролог Томас Волш, Брајан го ограбил имотот, го уништил тестаментот и се назначил за наследник. Неговиот психијатар сведочи дека Брајан имал психички проблеми во текот на животот и дека е „емотивно осакатен човек“.

Свекрвата Дајана против снаата Ана

Брајан и Ана очигледно не биле во добри односи. Природата на оваа врска ја опишала мајката на Брајан, Дијана Волш, во писмо до судот, откако нејзиниот син бил обвинет за измама за која подоцна бил осуден.

„Тој е единствениот човек кој се грижи за мене и секогаш е тука за мене. Се потпирам на него за се што ми треба во животот. Брајан ме носи на лекар на сите прегледи поради повеќе операции за рак на белите дробови и други здравствени проблеми“, напишала Дијана Волш во писмото на четири страници до судот.

Но, мајката на Брајан проговорила и за својата снаа, сега исчезнатата Ана Волш.

„За жал, немам добри односи со снаата, причината веројатно се културните разлики. Затоа мојот син е единствената стабилна точка во мојот живот, особено она што ме прави среќна е што поради неговата грижа можам да ги видам моите внуци“, изјавила мајката на Брајан Волш.

Дајана Волш посебно го пофалила својот син дека бил единствениот којшто се грижел за трите деца, без да ја спомне Ана Волш со ниту еден збор.

„Готви, чисти, си игра со децата, им чита приказни пред спиење. Да не беше тој, немаше да имам контакт ни со моите внуци“, пишува Дајана Волш во писмото.

Доказите во близина на домот на свекрвата?!

И мајката на Ана, Миланка Љубичиќ, изјавила дека нејзината ќерка немала добри односи со семејството на Брајан.

„Таа и нејзината свекрва не беа во најдобри односи. Мислам дека не ни контактирале. Не ја ни запознав лично кога првпат отидов кај нив“, изјавила Љубичиќ и додала дека од безбедносни причини ѝ е полесно сега, кога социјалното ги презело децата.

Но, мајката на Ана упатува на лошите односи со нејзината свекрва од сосема други причини, не за да го пофали Брајан. Напротив. Имено, доказите, за кои многумина веруваат дека би можеле да бидат клучни во истрагата за исчезнувањето на Ана Волш, се пронајдени во ѓубрето во  Пронајдените кеси обоени со крв, пилата и секирата, како и употребени средства за чистење, би можеле да бидат клучни докази за расветлување на мистеријата.

Напнат Божик во семејството Волш

Останува нејасно што точно се случувало во деновите пред исчезнувањето на Ана Волш, но се знае дека се случувало нешто чудно и несекојдневно.

Најдобрата пријателка на Ана Волш, Алиса Кирби, за американските медиуми изјавила дека Ана и Брајан имале расправии за децата, а Божиќ бил доста напнат. Пријателите на Ана Волш изјавиле дека таа постојано ветувала „големо изненадување“ во новата година.

Мајк и Менди Силва, кираџии во стан на Волшови во Ревер, Масачусетс, тврдат дека во последните шест месеци нешто не било во ред. Ана Волш брзала да се ослободи од имотот, па го продала автомобилот и станот во кој живееле. Се продал за кеш на 28 или 29 декември.

Сите веруваат дека тајната за Ана Волш ја крие нејзиниот сопруг Брајан. Неговото следно сослушување е закажано за 9 февруари. Што ќе донесе истрагата во наредните денови е големо прашање.

Поврзани содржини