КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ МОМИН ПОТОК Е ПРОЕКТ НА КОЦЕ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини Шилегов дека си присвојува проекти

До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

280

Шилегов во отсуство на свои проекти доследно ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше партијата на Христијан Мицкоски преку соопштение.

„До вчера ги копираше проектите на Данела Арсовска, па половично ги предлагаше како свои, а сега промовира проекти кои Коце Трајановски ги промовираше во 2017 година, а за кои уште тогаш имаше и проектна документација, за што постојат и видео записи. Тоа што Шилегов направи е стопирање на сите овие проекти. Четири години беа сосема доволни да се реализираат, но Шилегов ништо не направи. Вчера беше ’Лимак‘, а денес е турбо-кружниот тек кај Момин поток. Турбо-кружниот тек кај Момин поток е решение осмислено од Коце Трајановски, со систематско вградување на кружен тек и натпатник, со што се избегнува тесното грло кое сега го има во тој дел од Скопје. Шилегов 4 години го кочеше овој проект, за сега да го нуди како свое решение. Шилегов ќе остане запаметен како најнеуспешниот и најнеспособниот градоначалник кој Скопје некогаш го имало. Еден свој проект нема направено, а како најголемо негово дело ќе остане лагата за тунелот под Кале. Скопје има потреба од вистински проекти и дела, и тие ќе ги има со промената на власта по 17 октомври“, се вели во партиското соопштение.

Поврзани содржини