КРШЕЊЕТО ТАБЛА ЈА ПРЕМИНА ЛИНИЈАТА Евроамбасадорот Гир на прашање за бугарските клубови во Македонија

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека Владата веќе реагирала за отворање на вакви здруженија и клубови кои не придонесуваат за добрососедски односи.

876

Евроамбасадорот Дејвид Гир, на денешната заедничка прес конференција со вицепремиерот Бојан Маричиќ, одбегна да одговори дали отворањето бугарски клубови именувани со контроверзни личности е провокација за Македонија. Гир рече дека тој не е компетентен да навлегува во прашања поврзани со историјата, но истовремено кршењето на таблата на здружението Цар Борис во Охрид го нарече инцидент кој ја преминува линијата.

– Јас нема да навлезам во толкување на самата историја. Дозволете ми само да кажам дека оваа земја има добар историјат добро досие што се однесува на односите помеѓу самите заедници кои што живеат во земјата. Всушност, што се однесува на овој посебен инцидент кој што се случи пред неколку дена Министерството за надворешни работи излезе на многу јасен начин, веќе кажа многу јасно дека линијата беше премината во врска со ова прашање – рече Дејвид Гир.






Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека Владата веќе реагирала за отворање на вакви здруженија и клубови кои не придонесуваат за добрососедски односи.

– Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедски односи и ги сметаме за провокација. Сметаме дека се контроверзни но мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на Советот на Европа, членка на ОБСЕ, кандидат за членство во Европската унија да ги решаваме овие прашања институционално наместо со насилство – посочи Бојан Маричиќ.

Поврзани содржини