КРОКОДИЛИТЕ ОКУПИРАА ПЛАЖА ВО БРАЗИЛ Од што се загрижени? (ВИДЕО)

Во Бразил има инвазија на крокодили кои препливаа преку една од плажите. Месното население е во паника. Дали животните се загрижени за нешто, вулкан или земјотрес?, се вели во објавата на Твитер.

1,458

Видеото од Бразил на кое се гледаат неколку илјади крокодили на плажа вознемири многумина. Експертите веруваат дека се работи за кајмани, чие живеалиште е таа мочурлива област на Бразил, објави Њузвик.

Видеото од 33 секунди беше споделено на Твитер и го виделе неколку милиони луѓе.

 






„Во Бразил има инвазија на крокодили кои препливаа преку една од плажите. Месното население е во паника. Дали животните се загрижени за нешто, вулкан или земјотрес?“, се вели во објавата.

Некои експерти веруваат дека не се работи за вистински крокодили, туку за кајмани, кои се вид кој наликува на алигатори и крокодили.

Местото каде што се наоѓаат овие животни е подрачјето Пантанал.

Поврзани содржини