📽️ КРОЕЛЕ АТЕНТАТ ВРЗ ВУЧИЌ, ГИ УАПСИЈА Две лица во Краљево со месеци планирале пуч
Двајца мажи од Краљево се уапсени под сомнение дека планирале набавка на оружје и ликвидација на претседателот на Србија и на неговото семејство, како и напад врз полицијата. Според српска „Нова“ се работи за двајца ветерани од 63-та падобранска бригада, кои ги придружувале студентите за време на сите протести и блокади во изминатата година.
Двајца мажи од Краљево завршиле зад решетки под сомнеж дека планирале уривање на уставниот поредок и напад врз претседателот на државата, Александар Вучиќ, како и врз неговото семејство.
„Тие планирале набавка на оружје и напад врз животот и телото на претседателот на Република Србија, неговата сопруга и децата, на начин што би ги лишиле од живот, како и напад врз припадници на Министерството за внатрешни работи, со цел да им нанесат телесни повреди“, соопшти српското МВР.
Српска „Нова“ дознава дека станува збор за двајца ветерани од 63-та падобранска бригада, кои ги придружувале студентите за време на сите протести и блокади во изминатата година.
Полицијата во Краљево, во соработка со Безбедносно-информативната агенција, ги уапсила Д. Р. 51 и М. Р. 43, двајцата од истиот град. Министерството за внатрешни работи на Србија соопштило дека постојат основи на сомнение оти сториле кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија.
Полицијата соопштила дека лицата го планирале атентатот од декември 2025 до февруари 2026 година.
Лицата треба да бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство на Србија откако ќе останат во дводневен притвор.