КРМОВ ДО КОВАЧЕВСКИ Семки грицкате, да не ве деконцентрирам? (ВИДЕО)
Пратеникот на Левица реагираше до заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски да го опомене премиерот за недоличното однесување, но Мисовски рече дека на Крмов најверојатно му се причинува.
На денешната седница за пратенички прашања пратеникот од Левица, Борислав Крмов го праша премиерот Ковачевски дали додека тој поставува прашање, премиерот грицка семки.
-Што правите во моментов, семки грицкате? Да не ве деконцентрирам – му рече Крмов на Ковачевски.
Крмов реагираше до заменик-претседателот на Собранието Горан Мисовски да го опомене премиерот за недоличното однесување, но Мисовски рече дека на Крмов најверојатно му се причинува.
По ова, Ковачевски стана од своето место и од Мисовски побара Крмов да му се извини нему, или во спротивно, се закани дека тој и министрите ќе ја напуштат седницата.
– Ние од Левица не се извинуваме, посебно не на вас. Станете и одете си слободно – беше одговорот на пратеникот Крмов.