КРИЗА ЗА БИГ МЕК ВО РУСИЈА Московјани чекаа во редици пред затворањето на „Мекдоналдс“ (ВИДЕО)

„Мекдоналдс“ вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина.

600

Русите побрзаа во „Мекдоналдс“ синоќа откако компанијата објави дека се повлекува од Русија.

На социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили пред продавниците на руски „Мекдоналдс“, како и фотографии од редови луѓе кои чекаат на студ да купат Биг Мек додека можат.






„Мекдоналдс“ вчера објави дека привремено ги затвора сите 847 ресторани во Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Извршниот директор Крис Кемпчински рече дека синџирот ќе го паузира работењето во Русија, но ќе продолжи да ги плаќа своите руски вработени, а непрофитната организација „Роналд Мекдоналд Хаус“ ќе продолжи да работи.

 

Холандскиот производител на пиво соопшти дека ја запира продажбата, производството, како и рекламирањето на „Хајнекен“ во Русија.

Во денешното соопштение се наведува дека „ги проценува стратешките опции за иднината на нашите руски операции“.

– Гледаме јасна разлика, меѓу постапките на Владата и на нашите вработени во Русија. Повеќе од 20 години, нашите локални вработени се ценети членови на нашиот бизнис. Поддршката на нашите вработени и нивните семејства, е јасен принцип, додека го дефинираме патот напред – пишува во соопштението.

„Хајнекен“ информираше и дека ќе ги засили поддршката и донациите за невладини организации, што оперираат во Полска, Унгарија, Романија, Словачка.

Поврзани содржини