КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ДОБИВА КАРДИОЛОГИЈА И НОВИ САНИТЕТСКИ ВОЗИЛА По 9 години, 4 специјализации и 20 нови вработувања

Поради недостиг на сопствен кадар, Здравствениот дом во Крива Паланка склучи договори со специјалисти од други болници - од Кочани и Куманово - кои доаѓаат периодично, според договорени термини. Моментално се ангажирани невролог, двајца интернисти и рентгенолог, а наскоро се очекува и уролог од болницата во Штип.

189

Во здравствениот дом Крива Паланка се реализирани 20 нови вработувања, а директорот Јоско Стефановски рече дека тоа претставува вистинско освежување и голем исчекор кон заживување на здравствениот дом во интерес на пружање подобри здравствени услуги за граѓаните.

Новите вработувања вклучуваат 7 лекари по општа медицина, 6 медицински сестри, тројца лаборанти, двајца возачи за итната медицинска помош и двајца хигиеничари.






– Крива Паланка заслужува да има здравствена установа која ќе нуди добри можности и услуги за пациентите, а верувајте досега овој наш здравствен дом беше во незавидна состојба, пред сѐ кога говориме за кадарот, и навистина сум им благодарен на сите што со своите заложби и напори помогнаа да реализираме вработувања што ќе значат заживување на установата. Покрај овие вработувања, по 9 години, одобрени се 4 специјализации и тоа: интернист, хирург, невролог и дерматовенеролог, а веќе се размислува за планот за специјалзиации за 2026 година. Еден приватен специјализант е преземен, тоа е офталмолог и очекуваме да дојде да работи за 2-3 години – рече Стефановски.

Поради недостиг на специјалисти, пред околу 4 месеци Здравствен дом Крива Паланка потпиша договори со лекари специјалисти од надворешни здравствени установи, од болниците во Кочани и во Куманово, од каде што во текот на неделата доаѓаат, повремено, согласно распоредот на слободни термини, специјалисти: невролог, двајца интернисти и рентгенолог, а во најскоро време се очекува да почне да доаѓа и специјалист-уролог од штипската болница.

– Во тек е процедурата за воведување и одобрување кардиолошка дејност во здравствениот дом, следуваат вработувања и на админстративен и техничко-помошен персонал, а со сопствени средства од самата установа, во тек е набавка на 2 санитетски возила – додаде Стефановски.

НАЈМНОГУ ПОПЛАКИ ИМА ЗА ДОЦНЕЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ Граѓаните почнаа да му пишуваат на министерот за здравство

Поврзани содржини