Кривичниот суд не дава Рашковски да се врати во Шутка, Обинителството има добри причини да го врати таму
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за медиумите кратко изјави дека барањето било поднесено минатата недела бидејќи имале причина за тоа,
Обвинителството на Вилма Русковска минатата недела побарало поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски од куќен притвор да биде вратен во истражниот затвор во Шутка, но Кривичниот суд го одбил барањето.
Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за медиумите кратко изјави дека барањето било поднесено минатата недела бидејќи имале причина за тоа, но не кажа кои биле причините за барањето.
Неофицијално Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци.
Против Драги Рашковски сењ водат неколку истаги. Тој е осомничен дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци иако Министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот. Обвинителството отвори уште една истрага за злоупотреба која се однесува на уште еден тендер за систем за биометриска идентификација. Обвинителството го осомничи Рашковски и за друга злоупотреба – дека му плаќал месечна сума од 80 000 денари барем на еден хонорарец, кој потоа бил задолжен да му враќа дел од таа сума.
Тој беше во Шутка месец и половина, а потоа со одлука на Апелација затворскиот му беше заменет со куќен притвор.