Кривични против навивачите кои влегоа на стадионот во Тетово (ВИДЕО)

Од тетовската полиција соопштија дека со овој потег симпатизерите на Шкендија ги прекршиле мерките кои се пропишани за спречување на ширење на ковид-19.

348

Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на ковид-19, соопштија од тетовската полиција.

– Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.






Поврзани содржини