КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА АЈРО, БУБЕВСКИ, МУАРЕМИ И ЗА КОЧАН Код открива дека Правобранителство ги гони за злосторничко здружување
Документите со кривичните пријави за конфискацијата на имотот на „Трансмет“ се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата.
Државното правобранителство на Македонија поднело кривична пријава против поранешните обвинители во СЈО, Артан Ајро, која сега е обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Гаврил Бубевски, актуелен шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, како и за Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, сега директор на Управата за финансиска полиција и поранешниот сопственик на „Трансмет“, Сеад Кочан, објави емисијата КОД на телевизија Телма.
Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело „Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Несовесно работење“.
Во кривичната пријава од Правобранителството е наведено дека:
„Тие заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд, а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Првопријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава ‘не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства, а кои биле должни да ги превземат во постапката’“.
Документите со кривичните пријави за конфискацијата на имотот на „Трансмет“ се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата.