КРИВИЧНА ЗА ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ВО МВР Тепал свој колега во скопска болница
Станува збор за лице кое било обезбедување на заменик министерот во МВР.
Поднесена е кривична пријава против телохранител во Министерство за внатрешни работи (МВР) бидејќи тепал свој колега полицаец додека спроведувал осуденик од затворот Идризово, информира МВР.
Станува збор за лице С.С., вработено во Одделот за обезбедување определени личности и објекти, кое било обезбедување на заменик министерот во МВР. Против него ќе биде покрената и дисциплинска постапка во МВР за тешко кршење на работниот ред и дисциплина, соопшти МВР.
Настанот се случил на 28 октомври 2023 година во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.