КРИВИЧНА ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ НА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК Полицијата го сомничи за загрозување на сигурност

Кандидатот за градоначалник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Приелп, Борче Јовчески обвини дека Р.Т. на крајот на септември на фејсбук му се заканувал ,

341

СВР Битола – Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, осомничен дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, на 20 септември во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на претходниот ден во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук“ едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник и неговото семејство.






Полицијата веднаш презела мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.

Човекот кој сега доби кривична пријава испрати грозоморна порака до кандидатот за градоначалник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Борче Јовчески.

Во неа тој напиша:

„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ќе бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“.

Поврзани содржини