КРИВИЧНА ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ТЕПАШЕ „ЧКЕМБАР“ Службеникот употребил прекумерна сила
Како што соопшти МВР, пријавениот во својство на полициски службеник на ден 26.03.2022, во вршењето на службата, врз оштетениот Т.Г. од Битола неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Ф.М., вработен во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, пријавениот во својство на полициски службеник на ден 26.03.2022, во вршењето на службата, врз оштетениот Т.Г. од Битола неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување.
Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.
ТОЈ НЕ ПРУЖА ОТПОР, А ТИЕ ГО ТЕПААТ Чкембари објавија видео од полициска бруталност врз нивни член