КРИВИЧНА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА Костадинов е осомничен за купувањето на електричните автобуси

Поранешен градоначалник, директор, членови на комисија и технички соработник се под истрага за нерегуларности во набавката на електрични автобуси вредни речиси 430 милиони денари.

0

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, заедно со уште пет лица, се сомничи дека вмешале нерегуларности во постапката за набавка на 10 електрични автобуси во вредност од речиси 430 милиони денари, со што, според полицијата, можеле да ја загрозат безбедноста, квалитетот и реалната вредност на возилата.

Случајот се однесува на тендерот за електрични автобуси за ЈСП „Струмица-Транспорт“, каде што според истрагата биле прекршени правилата, изменети тендерски услови и овозможено лице без соодветни стручни квалификации да учествува во целата техничка постапка.






– Со оваа постапка биле набавени автобуси во вредност од 429.933.595 денари, а отсуството на стручен надзор ја доведува во прашање квалитетната и безбедна реализација на јавната набавка – велат од полицијата.

Истрагата покажува дека Костадинов ангажирал лице кое немало потребна лиценца „А“ од областа на електротехниката, но сепак му ја доверил целата техничка документација – од евалуација до надзор.

Дополнително, спецификациите во тендерот биле речиси идентични со карактеристиките на автобусите што подоцна биле набавени. Според полицијата, тоа укажува на можност за претходно договарање.

– Тендерската документација била составена така што одговарала на конкретен модел на електрични автобуси – истакнува полицијата.

Директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Д.П.С., без да утврди дали постапката е законски водена, го потпишал договорот за електричните автобуси. Во исто време, комисијата за јавни набавки – К.Б., Л.Ј. и Л.Ѓ. – го одредила истото неквалификувано лице за надзор на целиот проект.

– Во постапката учествувало лице со лиценца Б, кое ниту смеело, ниту имало квалификации да врши технички евалуации, надзор или реализација на договорот – велат од полиција.

Поврзани содржини