КРИВИЧНА ЗА БЕСПРАВНО ГРАДЕЊЕ Битолски „Водовод“ и директорот дозволиле градење на подземна инсталација без проект и документација
Второпријавениот, во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела - велат од МВР.
Директорот на битолскиот Водовод доби кривична пријава за бесправно градење поради тоа што лани пролетта дозволил да се гради подземна инсталација без за тоа да има соодветен проект и документација, соопшти МВР.
– Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Јавното комунално претпријатие „Водовод” – Битола и против П.М.(39) од Битола, в.д. директор на претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”, казниво по член 244 од Кривичниот законик. Второпријавениот, во текот на април и мај 2022, без да изготви соодветна документација и проект и без одобрение за градба, дозволил изградба на подземна инсталација на место каде претходно не постоела – велат од МВР.