Кривична против генералниот директор на Еурокомпозит и неговиот советник

Двајцата го оштетиле буџетот на претпријатието за повеќе од 3 милиони денари.

698

ОВР Прилеп  до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против генералниот директор на Еурокомпозит Златко Граороски и  неговиот стручен соработник Васил Коцев  вработени во Еурокомпозит од Прилеп, за кривично дело злоупотреба на службената положба.

Како што соопшти МВР, З.Г, и В.К. со намера да извлечат пари од сметката на фирмата без консултација со службите во правното лице и одборот на директори направиле наводна реализација на договор во вредност од  1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната.






„Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентиран во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала преку приватните е-маил адреса на одговорните лица во претпријатието. Со ова тие го оштетиле буџетот на претпријатието за повеќе од 3 милиони денари“, стои во соопштението.

 

Поврзани содржини