КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРОДУЦЕНТСКАТА КУЌА НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ Инспекции покажале неправилности во работењето

Во соопштението се вели дека за проектот „Мајки“ продукцијата сè уште го нема доставено конечниот извештај за потрошени 55.000.000 денари, како и за сите други дополнителни средства потрошени за реализација на овој проект.

2,497

Агенцијата за филм соопшти дека поднела кривична пријава против продукцијата „Банана филм“ – Скопје на режисерот Милчо Манчевски и понатаму ќе ги стопира сите заеднички проекти. Од таму се сомневаат дека продукцијата ја искажала фактичката состојба за работењето на проектите „Мајки“, „Врба“, „Кајмак. и „Биста“, а се повикуваат и на инспекција извршена од Министерството за култура и од Управата за финансиска полиција.

„Согласно наведеното, Управниот одбор на Агенцијата за филм донесе одлука да ги задолжи директорите на Агенцијата да донесат одлука за стопирање на снабдувањето и финансирањето на проектите „Кајмак“ и „Биста“ на истиот продуцент, до претходното прашање е законски решено“, реагира филмската агенција.






Во соопштението се вели дека за проектот „Мајки“ продукцијата сè уште го нема доставено конечниот извештај за потрошени 55.000.000 денари, како и за сите други дополнителни средства потрошени за реализација на овој проект.

Во однос на проектот „Врба“, Агенцијата наведува дека, во процес на проверка на фактот – префрлањето на повисоките трошоци од средствата доделени на сметка на правно лице во странство, што им припаѓа на сопствениците на продукцијата „Банана филм“ – Скопје.

Од Агенцијата за филм велат дека ваквиот потег следува со цел да се заштитат буџетските средства на земјата.

Поврзани содржини