Кривична пријава за педофил од Центар Жупа
Педофилот, на 9. минатиот месец со упатување закани кон малолетничка, побарал да му испрати слики со непристојна содржина, кои, откако ги добил, ги препратил на друго лице.
Тресет и пет годишен жител на општина Центар Жупа заработи кривична пријава поради „прикажување порнографски материјал на дете“.
– Одделението за внатрешни работи од Дебар, под чија надлежност е и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од селото Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „прикажување порнографски материјал на дете“. Тој, на 9. минатиот месец со упатување закани кон малолетничка, побарал да му испрати слики со непристојна содржина, кои, откако ги добил, ги препратил на друго лице – изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.