Кривична пријава за Јовиќ! Следниот пат ако ја прекрши самоизолацијата – оди во затвор!

Минатиот четврток, шефот на медицинскиот тим на Реал Мадрид му дал на Лука Јовиќ дозвола да патува за Србија и да биде во самоизолација во сопствената куќа.

1,026

Првото основно обвинителство на Белград и нареди на полицијата да покрене кривична пријава против фудбалерот Лука Јовиќ за неисполнување на мерките за изолација по доаѓањето од странство.

Според информациите во српските медиуми, откако фудбалерот ги прекршил мерките за изолација пропишани со закон, односно откако органите за спроведување на законот не го пронашле на адресата на која тој изјавил дека ќе престојува, полицијата го предупреди дека ќе биде уапсен следниот пат, ако го повтори истото.






– Ако Јовиќ продолжи да го стори истото следниот пат и ако полицијата не го најде во местото на живеење, тој би можел да биде уапсен и приведен во притвор – вели изворот на „Блиц“ запознаен со случајот.

Како што објаснува, поради оваа причина против фудбалерот на Реал Мадрид, во наредниот период ќе добие кривична пријава.

– По консултација со полицијата, обвинителството наложи кривична пријава против Јовиќ да биде поднесена во обичен тек на постапката. Како резултат на тоа, по истекот на карантинскиот период, тој ќе биде испратен на сослушување. Ова треба да се заврши за максимум еден месец – додава соговорник на „Блиц“.

Минатиот четврток, шефот на медицинскиот тим на Реал Мадрид му дал на Лука Јовиќ дозвола да патува за Србија и да биде во самоизолација во сопствената куќа.

Поврзани содржини