КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ПОЛИЦИСКИ НАЧАЛНИК ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА Дозволил да дежураат вработени кои не се полицајци, ќе биде суспендиран

Пријавениот Р.А., постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.

495

Началникот на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Р.А. од Скопје, доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања, по член 353 од Кривичниот законик. Тој им дозволувал на документаристи, кои не се полициски службеници, да извршуваат домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од  79.804 денари.

Кривичната пријава ја поднесе одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поконкретно, до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција.






„Пријавениот, вработен како началник на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, во периодот од октомври 2022 година до јуни 2024 година, во месечни интервали и континуирано, ги предвидувал и одобрувал во плановите и групите за домашно дежурство како извршители две вработени со статус на овластено службено лице на работно место виш документарист во единицата, со кој што раководи. Пријавениот, постапувајќи спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР за домашно дежурство, на вишите документаристи кои немаат статус на полициски службеници им овозможил да бидат ангажирани за домашно дежурство, со што се стекнале со противправна имотна корист од 79.804 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, се додава во соопштението, ќе поднесе предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и полицискиот службеник ќе биде суспендиран од своето работно место.

Поврзани содржини