КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 12 ЛИЦА Како две семејства завршија во полиција?
Пријавените, од кои некои се обвинети за насилство во група, користеле различни предмети за време на конфликтот, што довело до тешки телесни повреди кај некои од учесниците.
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 12 лица поради наводно насилство. Како што соопштуваат од полицијата, инцидентот се случил на 12 јули 2024 година во Штип, кога членови на две семејства физички се пресметале, нарушувајќи го јавниот ред и мир.
Пријавените, од кои некои се обвинети за насилство во група, користеле различни предмети за време на конфликтот, што довело до тешки телесни повреди кај некои од учесниците.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” во група, и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” со последица тешка телесна повреда. На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети“, се вели во соопштението.
Полицијата продолжува со истрагата во врска со инцидентот, а дополнителни информации за случајот се очекуваат во наредниот период.