КРИТИКУВАЈ ГЛАСНО, ДОНИРАЈ ТИВКО Маск му донира 15 милиони долари на Трамп

Ова не е првпат Маск да биде вклучен во политички донации. Минатата година тој донирал вкупно 290 милиони долари на Трамп и на други републикански кандидати, покажувајќи активна поддршка за иницијативите насочени кон намалување на владините трошоци, особено во раните месеци од администрацијата на Трамп.

552

Илон Маск, милијардерот и извршен директор на SpaceX, во јуни донирал вкупно 15 милиони долари на американските републиканци, иако претходно влезе во јавна расправија со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Дел од оваа сума – 5 милиони долари – завршила во касата на супер политичката акциона комисија MAGA Inc, објави „Политико“.






Истите денови кога изјавил дека повеќе нема намера да инвестира во политички кампањи, Маск донирал дополнителни 10 милиони долари со цел да им помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот. Средствата се распределени помеѓу три клучни организации: Фондот за лидерство на Конгресот, Фондот за лидерство на Сенатот и MAGA Inc – сите блиски до републиканското крило.

Ова не е првпат Маск да биде вклучен во политички донации. Минатата година тој донирал вкупно 290 милиони долари на Трамп и на други републикански кандидати, покажувајќи активна поддршка за иницијативите насочени кон намалување на владините трошоци, особено во раните месеци од администрацијата на Трамп.

Иако во мај изјави дека нема намера да продолжи со политичките донации, наведувајќи дека „веќе има доволно потрошено“, Маск сепак ја промени насоката само еден месец подоцна.

Забележително е што дел од донациите се случиле откако Маск јавно го нападна Трамп на социјалните мрежи, реагирајќи на поддршката што поранешниот претседател и неговата партија му ја дадоа на закон кој, според Маск, може значително да го зголеми буџетскиот дефицит.

Сепак, неговата финансиска поддршка за републиканските супер PAC-и покажува дека, и покрај идеолошките несогласувања, Маск продолжува да ја одржува линијата на влијание во политичките кругови на десницата.

Поврзани содржини