КРИТИЧАРИТЕ БЕЗМИЛОСНИ, МУ ТРЕБА ЛИ НА ЃОКОВИЌ ДА ПЛИВА ДО 109-KА? Рекордот на Конорс останува репер и за идните генерации

Мислам дека рекордот на Конорс ќе биде соборен, но не од Ѓоковиќ. Роџер Федерер заврши блиску до него, Новак е уште во трка, но мислам дека нема да успее, вели францускиот тениски стручњак кој некогаш беше тренер на Серена Вилијамс.

0

Францускиот тениски стратег Патрик Моратоглу повторно го запали вечниот спор меѓу легендите. Според него, Новак Ѓоковиќ нема да го достигне „светиот број“ – 109 титули на Џими Конорс, иако во моментов се наоѓа на третото место со 101. освоена титула.

– Мислам дека рекордот на Конорс ќе биде соборен, но не од Ѓоковиќ. Роџер Федерер заврши блиску до него, Новак е уште во трка, но мислам дека нема да успее. Тој е премногу фокусиран на гренд слемовите, а не на обичните турнири. За да го стигне Конорс, би морал да освои уште шест или седум големи титули – изјави Моратоглу, поранешен тренер на Серена Вилијамс.






„Конорс е инспирација“

Новак, кој последната титула ја освои во ноември во Атина, со мирен тон одговори.

– Би било неверојатно да стигнам до тој рекорд. Џими Конорс е човек кого навистина го почитувам и кој секогаш ме поддржувал. Благодарен сум му. Но, морам да одам чекор по чекор. Не знам колку долго ќе се натпреварувам, но сè уште уживам кога играм добро – рече српскиот ас.

И покрај критиките, Ѓоковиќ останува најуспешен играч во историјата на гренд слем турнирите со 24 титули, а воедно и најстабилен број 1 во историјата на АТП. Но, дали тоа е доволно за да го симне Конорс од тронот по вкупен број трофеи?

Што претставува „Oпен ера“?

Од 1968 година, тенисот влезе во т.н. Отворена ера (Open Era), аматерите и професионалците почнаа да играат на исти турнири. Дотогаш, светските првенства беа поделени, па и многу рекорди од „професионалната ера“ не се сметаат за официјални.

Во оваа современа ера, сите големи рекорди се водат според АТП и ВТА – број на титули, гренд слемови, победи и недели на врвот.

Токму тука Конорс го држи рекордот со 109 титули, Федерер има 103, додека Ѓоковиќ – 101.

Историјата не почнува со 1968 година?

Но, историјата не почнала, ниту завршува со 1968 година. Пред „Отворената ера“ постоеле ѕвезди како Кен Розвол, кој освои повеќе од 140 титули во комбинирани аматерски и професионални турнири. Неговиот сонародник

Род Лејвер остана единствениот тенисер кој двапати ја освоил „Календарската Гренд слем круна“, подвиг што ниту Ѓоковиќ не го достигна.

Панчо Гонзалес, пак, бил неприкосновен во професионалните дуели во 1950-тите, иако тие не влегуваат во официјалната статистика.

Па така, кога се прашуваме кој е најголемиот рекорд во историјата на тенисот, одговорот не е едноставен.

Поврзани содржини