КРИТИЧАР НА ОРБАН, НО СО СЛИЧНА ИДЕОЛОГИЈА Кој е десничарот што го победи унгарскиот премиер?

И покрај критиките кон Орбан, Маѓар во некои прашања има слични ставови со него. Тој најави построга политика за миграцијата и спротивставување на дел од европските договори. Во однос на Украина, Маѓар не поддржува испраќање оружје и брз влез во ЕУ. Аналитичарите оценуваат дека и двајцата доаѓаат од слично идеолошко семејство, иако Маѓар отворено ја критикува корупцијата и начинот на владеење на Орбан.

699

Петер Маѓар, 45-годишен адвокат и поранешен дел од владејачките структури, е човекот што успеа да го порази Виктор Орбан, откако за кратко време изгради силно опозициско движење и ја освои довербата на гласачите разочарани од економската стагнација и корупцијата.

Маѓар до неодамна бил блиску до власта и работел на позиции поврзани со државните институции. Во јавноста бил најпознат како сопруг на поранешната министерка за правда Јудит Варга, членка на Фидес.






Пресвртот се случил во 2024 година, кога избувнал скандал со претседателско помилување поврзано со прикривање педофилија. Тогаш Маѓар објавил снимка од разговор со Варга, во која се споменува вмешаност на високи владини функционери во обвинителски предмети.

Со тоа, тој направил драматичен раскин со елитата и започнал брз политички подем.

Од анонимец до лидер на Тиса

Маѓар претходно ја презел непознатата партија Тиса и за кратко време ја трансформирал во силна опозициска сила. Тиса е централнодесничарска партија декларирана како про-ЕУ и про-НАТО.

Аналитичарите оценуваат дека ваков подем ретко се гледа.

– Никогаш не сме виделе партија да се издигне толку брзо – изјавил аналитичар од Будимпешта.

Тој ветил враќање на демократските механизми и подобрување на односите со Европската унија, со цел деблокада на замрзнатите средства.

Оружје за Украина? Пак не

И покрај критиките кон Орбан, Маѓар во некои прашања има слични ставови со него. Тој најави построга политика за миграцијата и спротивставување на дел од европските договори.

Во однос на Украина, Маѓар не поддржува испраќање оружје и брз влез во ЕУ. Исто така Маѓар најави построг пристап кон миграцијата.

Аналитичарите оценуваат дека и двајцата доаѓаат од слично идеолошко семејство, иако Маѓар отворено ја критикува корупцијата и начинот на владеење на Орбан.

Национални интереси или ЕУ?

Неговата победа се смета за историски пресврт по години доминација на Орбан.

Во исто време, останува отворено прашањето како ќе ја води земјата и дали ќе направи вистински пресврт во односите со Европската Унија.

Поврзани содржини