Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид?
Договорот на Роналдо со црно-белите истекува во јуни, 2022-ра година, а шпанските медиуми пренесуваат дека Португалецот може да се врати во Реал Мадрид.
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, до мај ќе одлучи за иднината во клубот, пред да заврши сезоната, со цел да ѝ помогне на управата да го испланира летниот преоден рок.
Договорот на Роналдо со црно-белите истекува во јуни, 2022-ра година, а шпанските медиуми пренесуваат дека Португалецот може да се врати во Реал Мадрид.
Како што објави „Тутоспорт“, Роналдо во мај ќе ги извести претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Фабио Паратичи.
Португалецот тоа ќе го направи пред мај, бидејќи клубот сака да почне да ги планира потезите во претстојниот преоден рок и мора да знае дали може да смета на еден од најдобрите играчи на светот.
Со парите од евентуалниот трансфер и без обврска да му исплаќа плата на Роналдо, Јувентус би бил во добра позиција во преодниот рок, но 36-годишниот фудбалер се очекува да остане во Торино до крајот на договорот.
Наводно Португалецот е заинтересиран да остане во клубот и да помогне во остварување на плановите.