Кристијано Роналдо се пакува, од Торино си заминаа луксузните возила (ФОТО)
Португалецот поседува две „Bugatti“, „McLaren Sennа“, „Ferrari F12 TDF“, „Mercedes Сlasѕ G Brabus“, а минатата недела купи и „Ferrari Monza SP2“ за 1,6 милиони евра. Неговите автомобили вредат околу 7,5 милиони евра.
Португалецот Кристијано Роналдо (36) е близу до напуштање на италијанскиот гигант по три години поминати во Јувентус.
Во последниве недели, зс ова сè повеќе се пишуваше и зборуваше од сигурни извори, а од Италија пристигнуваат вести кои ја поддржуваат оваа теза.
Имено, синоќа во Торино беше фотографирано дека скапите автомобили на легендарниот фудбалер се товарат во специјални камиони, по што тие заминаа во непознат правец.

Роналдо е познат колекционер на луксузни автомобили, а својата колекција ја донесе од Мадрид во Торино кога го смени Реал во летото 2018 година со Јувентус со обештетување од 120 милиони евра.
Тој поседува две „Bugatti“, „McLaren Sennа“, „Ferrari F12 TDF“, „Mercedes Сlasѕ G Brabus“, а минатата недела купи и „Ferrari Monza SP2“ за 1,6 милиони евра. Неговите автомобили вредат околу 7,5 милиони евра.
Досега тој одигра 132 натпревари за Јувентус и постигна 101 гол, последниот за победата над Интер (3:2), триумф кој го одржува Јувентус во шанса да се пласира во Лигата на шампионите пред крајот на сезоната.
Сепак, Јувентус го загуби Скудетото во оваа сезона, по девет последователни титули. Го предаде на Интер. Покрај тоа, клубот рано испадна од Лигата на шампионите, а сега виси и неговиот пласман за следната сезона.
Поради сето ова, се очекува заминување на тренерот Пирло, како и обновување на тимот, во кој би влеглол ветеранот и најскапиот играч, кого Јувентус го плаќа 30 милиони евра по сезона.