КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ОСТАНУВА ВО САУДИСКА АРАБИЈА Португалецот сака да го продолжи договорот со Ал-Наср до 2027 година

Роналдо планира да ја заврши кариерата во Ал-Наср, клубот во кој дојде на почетокот на годинава.

188

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, сака да го продолжи договорот со саудискиот клуб Ал-Наср до 2027 година, објави новинарот Али Ал-Харби.

38-годишниот Португалец сака да игра на Светското првенство во 2026 година, по што планира да се повлече од фудбалот. Роналдо е подготвен да го игра целиот овој период во Ал-Наср.






Актуелниот договор на Роналдо со саудискиот клуб е до 2025 година. Во првенството на Саудиска Арабија се пресели на почетокот на 2023 година.

Оваа сезона Роналдо одигра 11 натпревари за Ал-Наср, постигна 11 голови и 6 асистенции.

Поврзани содржини