КРИСТИЈАН ГОЛУБОВИЌ ЗАПОЧНА БИЗНИС СО ПРАСИЊА Очекува месечна заработка од 7.000 евра

Како што самиот тој откри за српски Телеграф, вложил значителна сума пари во одгледување прасиња, а од продажбата на месото очекува месечна добивка и до 7.000 евра.

151

Кристијан Голубовиќ, еден од најжестоките момци од деведесеттите години и дел од тогашното српско подземје, започна сериозен бизнис во соработка со едно семејство од Косово, објавија српските медиуми.

Како што самиот тој откри за српски Телеграф, вложил значителна сума пари во одгледување прасиња, а од продажбата на месото очекува месечна добивка и до 7.000 евра.






– Семејството е од Косово, имаат пет деца. Прекрасни луѓе, млади и амбициозни. Ми рекоа дека ќе направиме голем бизнис од месо. Вложив доста пари, а ќе вложувам уште повеќе, затоа што сакаме на нашите деца да им оставиме нешто што ќе им донесе сигурна заработка и светла иднина. Засега сè оди како што треба, а од октомври почнува полека да ни се враќа вложениот капитал – изјави Голубовиќ.

Тој нагласи дека соработниците имаат голем имот, но моментално живеат во околината на Јагодина.

– Сè работиме легално и чесно, плаќаме сè што треба кон државата. Работата е тешка, но заработката ќе биде слатка – додаде тој.

Голубовиќ призна дека досега вложил 15.000 евра, но планира вкупната инвестиција да ја зголеми на 100.000 евра.

– Кога вложуваш 15.000 евра, тие може да ти се вратат за неколку месеци, ама не смееш веднаш да ги потрошиш. Мора постојано да се вложува понатаму. Кога ќе стигнам до 100.000 евра инвестиција, тогаш ќе заработувам околу 7.000 евра месечно – објасни тој.

Поврзани содржини