Кристен Стјуарт како принцезата Дијана во новиот биографски филм „Спенсер“

532

Актерката Кристен Стјуарт (30) ќе ја глуми британската принцеза Дијана во нов филм за починатата претставничка на британската круна и нејзиниот развод од принцот Чарлс, јавува Би-би-си.

Стјуарт, којa се прослави со улогата во сагата „Самрак“, ќе ја глуми младата Дијана Спенсер, во филм чие дејство се случува во 90-тите години на минатиот век, а по сценариото на авторот на серијата „Бирмингемска банда“ (Peaky Blinders) Стивен Најт.






Режисерот Пабло Ларејн изјави дека Стјуарт е „една од најдобрите актерки денес“.

Дејството на филмот ќе се случува во Сандрингем и ќе ја прикаже Дијана во моментите кога сфаќа дека нејзиниот брак повеќе не функционира.

– Одлучивме да впуштиме во приказната за идентитетот и околу тоа како една жена, некако, одлучи да не биде кралица – изјави Лараин за „Дедлајн“.

„Таа е жената која во текот на тој период одлучила и сфатила дека сака да биде онаа жена каква што била пред да го запознае принцот Чарлс“, додал тој.

Дијана Спенсер се омажи за принцот Чарлс во 1981 година. Тие се разделија во 1992 година, а се разведоа во 1996 година. Леди Ди, како што ја нарекуваа, загина во сообраќајна несреќа во Париз следната година.

Кристен Стјуарт е позната по улогата на Бела Свон во хит-франшизата „Самрак“ (2008-2012), а се појави и во ланскиот римејк на „Ангелите на Чарли“. Таа глумеше во филмот „Снежана и ловецот“ во 2014 година.

 

 

Поврзани содржини