Познатата манекенка Криси Тајген повторно предизвика бурни реакции со својата објава на Инстаграм.
На фотографијата, Криси ги покрила голите гради со рацете, додека позира со нејзиниот син, кој стои меѓу нејзините нозе.
Сопругата на пејачот Џон Леџенд (42) со оваа објава разбесни многу родители ширум светот, кои главно негативно ја коментираа нејзината постапка:
„Каков ужас! Дали јас сум единствената којашто се срами наместо неа?“, коментирала под објавата една нејзина следбеничка, а многумина се согласиле со нејзиниот коментар. Набрзо потоа следел одговор од Криси:
„Сите вие кои се лутите, ќе ве блокирам“.
Сепак, имало и такви коишто ја поддржале.
„Нема ништо лошо во врска со оваа фотографија“, остро одговори еден од следбениците на коментарот, а Криси додаде:
„Чекај да дознаат дека заедно и се капеме.“
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм