КРИСИ ТAЈГЕН ПОСЕГНА ПО ОЗЕМПИК ПО ЖИВОТНАТА ТРАГЕДИЈА Поранешната манекенка денес е мајка на 4 деца и изгледа подобро од кога било
Сопругата на музичарот Џон Леџенд, сега инфлуенсерка и основачка на брендот за колачи „Cravings by Chrissy Teigen“ на 41-годишна возраст изгледа подобро од кога било!
Криси Тајген е родена на 30 ноември 1985 година во САД и ја започна својата кариера како модел. Првите поголеми ангажмани ги доби работејќи за каталози и списанија, а поголема популарност стекна откако се појави во познатото списание Sports Illustrated Swimsuit Issue.
Иако ја започна својата кариера како модел, денес многумина ја познаваат како инфлуенсерка, готвачка и основачка на брендот за колачи „Cravings by Chrissy Teigen“ и секако, сопруга на еден од омилените музичари на денешницата, Џон Леџенд.
View this post on Instagram
Таа на Инстаграм често нагласуваше дека сонува за големо семејство, а денес тој сон ѝ се оствари.
Тајген е мајка на четири деца кои се и нејзини главни дегустатори за сите нови производи на брендот „Cravings by Chrissy Teigen“.
View this post on Instagram
Сепак, нејзиниот пат до среќата беше обележан и со трагедија кога го загуби својот син Џек поради спонтан абортус. Тајген беше многу отворена за целата ситуација на социјалните мрежи и призна дека депресијата по тешкиот период ја мотивирала да почне да го користи Оземпик.
– Луѓето ќе прашаат: Дали си бремена? А следната недела ќе прашаат: Зошто зеде Оземпик? Премногу си слаба. Никогаш не можеш да победиш со ништо – рече Тејген, која е позната во јавноста како некој што не се плаши да зборува за своите проблеми.