Манекенката Криси Тајген, сопруга на пејачот Џон Леџенд, решила да ги извади силиконите, за да може повторно да спие на стомак, објави таа на социјалната мрежа Инстаграм.
„Се тестирав за ковид-19, бидејќи наскоро ќе одам на операција. Многумина ги интересира зошто ќе одам на операција, па веднаш ќе ви откријам… ќе ги вадам силиконите од градите. Одлично ми служеа низ годините, но веќе го надминав тоа. Сакам повторно да можам да облечам тоалети со мојата големина, да спијам на стомак. Нема повеќе големи гради. Ги направив градите на 20 години. Сакав да бидат заоблени и истакнати кога сум во костим за капење. Со оглед дека често позирам, сакав да стојат цврсто и додека лежам на грб. Но, потоа добивате деца, тие се полнат со млеко и се опуштаат и сега се одвратни“, напишала таа.